ФОТО: Балашевиќ купи луксузна вила - 4 спални соби, подно греење, џакузи и сауна во неа

 

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ купи вила во Истра за која дал 400.000 евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, кантавторот вилата ја пазарел преку фирма чиј директор е неговата ќерка.

Мештаните не знаат дека токму Балашевиќ ја купил и не сакаат да зборуваат за тоа. Велат дека кој и да е, ќе биде таму зсамо за викенд.

Вилата поседува голема гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебно купатило, надворешна и внатрешна кујна, но и подно греење, џакузи и сауна.

Во нејзина близина има Природен парк, додека морето е одалечено само 6 километри, така што доколку му досади капшење во базен, може за брзо време да отиде на плажа.

Како што пишуваат хрватските медиуми ваквата вила, реално чини  меѓу 300.000 до максимално 450.000 евра, но може да чини двојно повеќе ако се купи по принцпин „клуч на рака“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега