Бабата на масовниот убиец од Нов Зеланд откри детали за неговиот живот: „Детството го помина играјќи игри на компјутерот“

 

Бабата на терористот од Нов Зеланд, Брендон Тарант кој уби 50 лица, вели дека не може да поверува дека такво монстурозно дело може да направи нејзиниот внук.

81- годишната Мери рекла дека ладнокрвнот убиец кој во саботата убиваше ладнокрвно, не е тој внук што таа го познавла.

Голем дел од времето додека бил мал го поминувал играјќи игри на компјутерот, вели таа.

Во период додека растел не го интересирале многу девојките, бракот за него бил многу напорен, рекла бабата на Брендон.

Според нејзините зборови Брендон бил нормален се до смртта на неговиот татко во 2010, кога тој починал од рак, тогаш Брендон почнал да патува по Европа и Азија па семејството ретко го гледало.

„Пред 12 месеци се врати за роденденот на неговата сестра, но не забележавме ништо необично“ раскажала неговата баба.

Инаку семејството на напаѓачот веднаш се јавило во полиција откако го препознале неговиот лик на телевизија, рекле од полицијата. Неговото семејство е доста почитувано во градот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега