Јелена Карлеуша го менува името
Српската пејачка Јеленa Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.
Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.
Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.
Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.
18.03.2019 - 08:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа