„Срцето ми беше скршено, но немав кому да кажам“: Покојната пејачка Ксенија беше убиена, а една желба и остана неисполнета

 

Ксенија пред 9 години е убиена од нејзиното момче , кој по убиството изврши и самоубиство.

Пејачката некогаш говореше што за неа значи бракот , а нејзините зборови и ден денес предизвикуваат морничави чувства.

Таа велеше дека бракот е само „неколку букви на хартија“ и дека после 30 години не сака лажни приказни.

-Сметам дека брачните другари треба да бидат искрени еден со друга.Очевидец сум на лош брак, моите родители се разведени, а мене како на девојче во пубертет тпоа воопшто не ми падна лесно, иако мама и тато постојано ми велеа дека многу ме сакаат тоа на мене остави голема трага,рцето ми беше расапрчано а немав кому да кажам, рекла Ксенија во една прилика.

Додала дека посебно тешко било за време на судскиот процес кој траел со години, а таа болка во срцето ја споредила со болка која ја чувствуваме кога ќе ни почине некој близок.

Покојната пејачка имала мислење и за мајчинството.

„Има ли нешто поубаво од тоа да станеш родител!? За таа приказна потребни се двајца, и бидејќи немам намера да се мажам повеќе пати и да се мачам со разводи и расправи, тогаш не се ни колебам, сепак дете е света работа и со тоа сакам да се занимавам. Се радувам на денот кога тоа ќе се оствари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега