Живееше брзо и лудо, беше фудбалска ѕвезда, а сега умира од неизлечива болест - деновите му се одбројани
Некогашниот репрезентативец на Холандија, поранешниот фудбалер најпознат по своите забави во Ренџерс, Фернандо Риксен се бори со тешка болест под називот АЛС.
Риксен во кариерата играл за Фортун, АЗ, Ренџерс и Зенит, а за репрезентацијата на Холандија настапувал во 12 натпревари.
Тој фудбалерската кариера ја завршил во 2013 година откако заболел.
Една година подоцна ја издал својата автобиографија и станал заштитно лице за борба против оваа смртносна борба.
-Во зависност од ситуацијата се и моите чувства, но се повеќе се навикнувам на ова. Бев шокиран на почетокот,. се обидев да го игнорирам, но стануваше се полошо. Имав проблеми со дишењето, голтањето и говорот. Сепак, благодарејќи на периодот во Турција и благодарејќи на докторите во Русија, кој мојата сопруга ги најде, повторно се вратив во 2нормала“. Мо=жам да се движам без проблеми. Би сакала да остане вака - рекол тогаш Риксен.
Просечната старост на која луѓето ја добиваат оваа болест е 55 години, но Риксен ја добил на 35. Тој тврди дека ќе доче а55 години.
-Јас сум борец по природа и секогаш ќе бидам. Ко ме знае како играч, не е тешко да види каков бев *- рекол тој.
Сега е семеен човек и татко, нема пороци и се грижи за себеси.
Isabella dream comes true pic.twitter.com/YvJdISRVVp
— Veronika Ricksen (@RicksenVeronika) October 18, 2016
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа