ВИДЕО: Пејачот се расплака среде емисија - „Не сум силувал, се борам за живот“
Американскиот пејач и текстописец Р. Кели беше емотивен за време на неодамнешното интервју за CBS во кое говореше за обвиненијата за сексуално злоставување.
Тој тврди дека не направил ништо лошо и истакнува дека во последно време буквално се бори за својот живот.
Пејачот беше уапсен минатиот месец и беше обвинет за сексуално злоставување на четири лица. Кели се соочува со десет точки од законот за сексуално насилство и моментално е на слобода сè до судењето.
Во своето прво интервју после појавата на гласините за неговите престапи, Кели изјави дека не е вистина дека тој злоставувал малолетни девојки и имал секс со нив.
-Без разлика дали се тоа стари гласини, нови гласини или идни, тоа не е вистина, ѝ рекол Р. Кели на новинарката Гејл Кинг.
Потоа беше запрашан дали во било кој момент од животот држел девојки затворени за да ги искористува сексуално, а тој рекол дека тоа се глупости и дека тоа никогаш не би го направил.
Откако го совладаа емоциите, Р. Кели започнал да плаче и рекол дека моментално буквално се бори за својот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа