Пејачот се самоубил - Детали за смртта на легендата на Продиџи
Лиам Хаулет преку официјалниот Инстаграм на Продиџи ја потврди смртта на нивниот член Кит Флинт и кажа дека се работи за самоубиство.
- „Вестите се точни, не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде сопствениот живот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце... Почивај во мир“, напиша Лиам.
Се претпоставува дека причина за самоубиството е депресија.
04.03.2019 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа