Неда Арнериќ ќе остане во болница - лекарите со детали за здравствената состојба на актерката
На актерката Неда Арнериќ ѝ следува долг период на закрепнување во Военомедицинската академија во Белград. Како што дознава српски Курир, актерката нема да добие отпусна листа во нареднио месец, бидејќи во болницата била донесена во тешка состојба.
Со оглед на тоа дека била на ивица на смртта поради прекумерна доза на таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, лекарите инсистираат на тоа дека нејзиниот организам мора целосно да се исчисти.
Неда е примена на одделението за токсикологија во бесознание. Од ден на ден состојбата ѝ е се постабилна, но во моментов е неспособна за грижа на себеси. Тим од лекарски експерти донесе одлука да ја задржи во болница колку и да е потребно, односно додека целосно не закрепне, а претпоставка е дека тоа ќе биде минимум еден месец. После смртта на сопругот Милорад Маштевиќ, Неда живее сама во станот и нема кој да се грижи за неа. Поради лошата психичка состојба, советувано ѝ е барем некое време да има медицинска грижа, доколку повторно додјде до сличен несреќен случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа