ВИДЕО: Американка збунета поради кафанските обичаи на Балканот - „Не ми е јасно зошто мора така“

 

Американката Кејли Хендершот последниве две години живее во Хрватска, каде е мажена за Хрватот Доминико.

Кејли изминативе месеџци објавува свои гледишта на животот во Хрватска на Јутјуб. Така вистински хит било видеото во кои зборува за тоа што ја нервира кај нејзиниот сопруг, а и за разликите меѓу Америка и Хрватска.

„Интересна е ситуацијата со броењето спратови. Во Америка не постои приземје, туку веднаш е прв спрат“, вели Кејли и додава дека поради тоа неколку пати залутала на погрешен спрат.

Американката досега навикнала дека Хрватите со часови седат на кафе, а она што не ѝ е јасно е дека после првата нарачка мора повторно да се повика келнерот.

„Во Америка келнерот се враќа после некое време и ве прашува дали е се во ред, дали ви треба уште нешто.  Во Хрватска мора да кренете рака и да воспоставите контакт со очи со келнерот ако сакате нешто да нарачате“, додава Кејли.

Една од работите што не ѝ се јасни е што нема правила за движење десно. АВо Америка може да свртите десно на раскрсница без оглед на семафорот, секако ако никој не доаѓа од страна.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2019 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега