ФОТО: Го направи најголемиот хит на светот - погледнете како денес изгледа Псај, пејачот на „Gangnam Style”

 

Песната “Gangnam Style” беше најслушаната песна на Јутјуб со над 3 милијарди прегледи сѐ до појавата на “Despacito” која води со 6 милијарди.

31-годишната корејска поп ѕвезда Псај со својот хит “Gangnam Style” од 2012 година го “зарази” целиот свет и сите го паметат пејачот и неговата кореографија на планетарниот хит кој денес има околу 3 милијарди и 290 милиони прегледи.

Популарниот пејач седум години подоцна драстично го променил својот изглед, а неговата потполна трансформација предизвикала лавина коментари на социјалните мрежи со оглед на тоа што Псај е драстично ослабнат.

„Почни да јадеш, те молам!”, пишувале неговите следбеници кои се загрижени за неговото здравје, но имало и такви кои ја поддржале неговата трансформација, но му порачале да не претерува со истото.

Корејскиот пејач се огласил на социјалните мрежи и на шеговит начин одговорил дека “за час ќе ги врати изгубените килограми”.

 
 
 
View this post on Instagram

다시 관리 들어가겠습니다 

A post shared by PSY (@42psy42) on Feb 21, 2019 at 7:49pm PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2019 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега