Имала неизлечив рак, а потоа одлучила да ризикува - ѝ вбризгале опасен вирус, па болеста исчезнала за 36 часа

 

Кога на Стејси Ерхолц ѝ бил дијагностициран рак на крвта, лекарите ѝ рекле дека не можат многу да направат, бидејќи станува збор за неизлечива болест.

Сепак, таа се одлулчила да ризикува, па се упатила во клиниката Мајо за со морбили да ја победи болеста.

Научниците одамна знаеле дека морбилите може понекогаш да доведе до спонтано намалување на големина на тумор, но клиничките испитувања на клиниката Мајо покажале дека се моќно опружје против оваа болест.

Стејси во рок од 5 минути добила главоболка и температура, после што следувало повраќање и треперење. За 36 часа, туморот со големина на топка за голф на челото исчезнал, а за две недели во телото немало повеќе канцер.

„Тоа беше најлесниот третман кој сум го направила досега“, рекла Стејси во 2014 година за медиумите.

Скоро 6 години подоцна, Стејси и понатаму е жива и здрава.

„Бев подготена да умрам, но не умрев. Верувам дека Бог имал план“ вели Стејси и додава дека од време на време оди на предавања за да зборува за своето искуство.

Stiven Rasel

Научниците од клиниката Мајо велат дека „виротерапија успешно користат на илјадници пациенти заболени од рак, но ова бил прв случај, ракот проширен по целото тело да се повлече“.

„Мислам дека успеавме, бидејќи ја зголемивме дозата во однос на другите“, рекол водечкиот автор на студиите, доктор Стивен Расел. Вирусот морбили се чини ги спојува ќелиите на ракот и тие експлодираат.

Маната на висотерапијата била вакцинацијата - бидејќи голем број луше се вакцинирани против морбили,. во нивното тело има антитела кои го напаѓаат вирусот и со тоа неговото делување е оневозможено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2019 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега