Присутните на комеморацијата скршени од болка: „Рековме дека заедно ќе остареме, ме издаде, отиде без мене“
Комеморацијата поради трагичната смрт на пејачот Шабан Шаулиќ се одржува во свечената сала на Собранието на Белград.
На комеморацијата се собрале многу негови колеги, јавни личности и почитувачи на неговата музика, како и неговите деца.
„Тешко е да се прифати вистината. Шабан Шаулиќ не е физички повеќе меѓу нас, кралот на народната музика. Со кој куме,. јас да пеам, кога најчесто пеевме заедно? На вашата последна слава се лутеше што нема музика, а јас сакав да си поразговараме и бев среќна. Ти беше мој пејач, за сите времиња, патувај со ангелите, наша гордост и нека ти е вечна слава“, рекла Зорица Брунцлик.
„Денеска тагува цела Србија и твојот сакан Шабац, и милион твои обожаватели ширум светот, а тоа сум и јас, Твојата Гордана, Санела, Илда, Михајло, внуците беа твојот храм, секогаш одеше дома да собереш сила, љубов, убавина која ти е потребна после долгите и тешки патувања, а тие несебично ти даваа и беа со тебе. Останавме непобедлив тандем, раѓавме хитови, а имаше многу. Беше моја вечна инспирација. Беше добар, чесен, скромен човек, ни сам не знаеше колку си голем. Се договоривме да остареме заедно, да се дружиме и да ловиме риби. Ме издаде, отиде пред мене и однесе дел од мене“, изјави долгогодишниот соработник на Шабан Шаулиќ, Раде Вучковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа