Родила 8 деца, а нејзиното тело изненадува - другите мајки ја нарекуваат супермодел
Џослин Морис има 40 години и после првото породување пред 20 години станала зависна од пилули за слабеење. Тогаш бидејќи ја родила првата ќерка Џастин имала 75 килограми.
И пред тоа имала проблеми со вишокот килограми и повеќето тинејџерски години била очајна. Затоа почнала да користи пилули за слабеење на кои се навикнала. Тогаш спаднала на 56 килограми. Неконтролираното земање на таблети за слабеење може да доведе ужасни главболки и вртоглавици.
Пред да премина на веганска исхрана пред две ипол години, била веган една година, но и понатаму се чувствувала уморно и безживотно, па се одлучила на сирови намирници.
Пред три недели го родила осмото дете и вели дека е посреќна, поздрава и пислна од било кога. Мајките на другарчињата на нејзините деца ја нарекуваат супермодел, бидејќи после осмата бременост се вратила во топ форма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа