Модниот креатор никој никогаш не го видел без ракавици - откриена морничавата причина за тоа
Модниот свет се збогува од една од најзначајните и најконтроверзните личности и дизајнери на денешницата, Карл Лагерфелд, а овој голем уметник починал во вторникот на 19. февруари на 85-годишна возраст, од последици од рак на панкреас.
Еден посебен детаљ го карактеризираше неговиот имиџ - ракавиците кои никогаш не ги вадеше од раце.
„Ракавиците без прсти ги носам затоа што така дланките и прстите ми изгледаат подолго, а во Франција долгите раце значат влијание. Исто така, непристојно е да се поздравуваш со некој кој носи ракавици“, истакнал ексцентричниот дизајнер во една прилика.
Но покрај ова, постои и друго објаснување, а тоа е дека за неговата одлука секогаш да носи ракавици е виновна неговата мајка.
Имено, таа била многу строга, на моменти дури и сурова, никогаш не го штедела Карл и му упатувала критики, а он и покрај тоа ја обожавал.
Така во една прилика тој кажал дека таа му велела дека има грди раце, па многу веројатно е дека во тоа лежи коренот на неговата опсесија кон ракавиците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа