После бизарната снимка од погребот во Сомбор се огласи семејството - единствено тој не се веселе

 

После објавувањето на снимка од погребот во Сомбор, кој предизвика бурни реакци, се огласи семејството на покојната Марија Рафај-Кате, која на крајно необичен начин е испратена во вечниот дом.

Елвира Балог Тибор, нејзината роднина кажала зошто погребот на жената изгледал така, како и дека сите членови од нејзиното семејство успеале да истрајат во нејзината последнат желба на погребот да биде весело, а не тажно.

-Ката со години беше болна, имаше проблеми со срцето и белите дробови. Живееше сама, едниот син ѝ е во Германија, а има уште еден. Како што се гледа на снимката, мажот кој стои на влезот од просторијата е нејзиниот син, но тој не се весели. Едноставно не можеше да учествува во таквата организација. Тој беше скршен - вели Елвира.

Таа додала дека покојната била весел човек по природа, а пред смртта инсистирала погребот да биде проследен со трубачи, музика и весела игра.

-Им велеше на најблиските „немој да сте плачеле на погребот, има со песна да ме испратите, како да одам на некое среќно место“. Толку беше друштвена, права дама, беше многу шеговита - раскажала нејзината роднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2019 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега