Сите чекаа што ќе изјави мажот кој го усмрти Шабан - тој кажа само една реченица
Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во која почина кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат му рекол дека не се сеќава на ништо.
- „Ми рече дека не може да поверува што се случило во неделата и дека воопшто не се сеќава на несреќата“, им рекол Шул на германските репортери.
Безживотните тела на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ се на институтот за судска медицина во Билефелд, а се очекува обдукцијата да се заврши денеска.
Во меѓувреме, Алсин Левент кој, според сомнежите, ја предизвикал несреќата, сега е во притвор кој му е одреден 48 часа после несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа