Цеца се појави на судење, а од Карлеуша ни трега ни глас

 

Јелена Карлеуша и денес не се појави на рочиштето кое што беше закажано во Вишиот суд во Белград по повод тужбата која ја поднела Цеца Ражнатовиќ  против еден медиум од Србија и против Карлеуша, која јавно ја обивинила дека го нарачала убиството на тогашното момче на Карлеуша, Зоран Давидовиќ Ќанде, ликвидиран во 2000 година.

Српски Курир пренесува дека на сослушувањето Цеца демантирала дека има врска со тоа злосторство.

  -Многу се потресов од тие обвинувања. Таа не ми стави само мене мета на чело, туку им стави и на моите деца и на целото мое семество. Доколку Јелена има сознанија за убиството на господинот Ќанде, нека го извести обвинителството. Зоран го запознав преку мојот покоен сопруг и лага е дека сум издала наредба да се ликвидира. Сметам дека ова е единствен начин, преку судот, да се заштитам себеси и да го заштитам моето семејство,изјавила Цеца.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега