Како на филм: Пијан Кинез малтретирал возач, се додека на еден патник не му дојде преку глава (видео)
На интернет се појави видео кое прикажува брутална пресметка на двајца мажи во автобус во Кина.
Судејќи по датумите на снимките од безбедносните камери, конфликтот се случил завчера, во провинцијата Хебеј.
На снимката може да се види како маж му се развикува на возачот.
Во еден момент од задниот дел на автобусот доаѓа друг патник кој се развикува и го удира по горниот дел од телото. Жртвата завршила на подот на автобусот, а понатамошните напади ги спречиле останатите патници, кои го обиколиле насилникот.
19.02.2019 - 22:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа