ФОТО: Човекот кој го засмеа цел Балкан сега ја покажа сопругата - „Кога ќе не видат мислат дека ми е ќерка“
Најпопуларниот хрватски пензионер Талјат Тони Селмани открил нешто за себе и своето семејство.
Раскажал како некогаш работел на модни ревии, меѓу првите имал „мини морис“ , но и како ја освоил сопругата.
„Да се сака и да се биде сакан е најголемо богатство кое постои. Тоа го одржува човека“, рекол Тони и покажал фотографии од својата сопруга Назлије и синот Сејдин.
Тони е горд дедо на малата Леона.
„Ја оженив најубавата девојка на светот. Таа е Турчинка, таман ги премина 70-те. Кога нас ќе не видат заедно сите мислат дека ми е ќерка“ - рекол Тони.
12.02.2019 - 12:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа