Сопругата на Момо Николовски: За мојот утрешен роденден имам само една желба, помогнете ми да ја остварам
Валбурга Батева, сопругата на пејачот Момо Николовски, со емотивно обраќање на социјалните мрежи повторно побара помош за докажаниот фолк-уметник кој е сериозно болен.
-За мојот утрешен роденден имам само една желба – овој прекрасен човек да го прослави со мене и идниот, а и сите други кои Господ ќе ми ги даде. Драги пријатели, помогнете ми во остварувањето на оваа желба. За корисниците на ВИП, кој сака и може нека се јави на 143 462, Благодарам, ве сакаме, напиша сопругата на популарниот македонски пејач.
05.02.2019 - 22:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа