Мајка стана херој: Со дете во рацете успеа да се спаси од вооружени разбојници (видео)
Мајка од Јужна Африка стана херој кога со дете во рацете ги избркала вооружените напаѓачи кои се обидувале да ја ограбат.
Кјерсти Сканк рекла дека единствена мисла и било да ги истера разбојниците.
Сигурносните камери ја снимиле како се простува со пријателите кога се појавиле разбојниците, кои виделе дека капијата е отворена, а една од жените викнала и дека се вооружени.
Таа со мало дете во рацете, во паника се стрчала да ја затвори капијата.
Еден од мажите сакал да и помогне, но паднал на земја кога слушнал пукање.
Крести отчала, цврсто држејќи го детето вп раце, па после неколку куршуми испукани, разбојниците побегнале.
После ова мажот станал и брзо ја затворил капијата.
Ова видео го прегледале илјада луѓе, а многумина побрзаа да прокоментираат дека своетео дете го довела во опасноат.
„Се обидов да ги заштитам моите деца, јас сум мајка и наставничка, тоа ми е работа“ рекла таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа