Сите продукти ги имате дома и секојдневно ги користите - на овој начин ослободете се од бубашваби и мравки
Сигурно барем еднаш во животот сте се сретнале со колона на мравки во собата, во тоалетот, на терасата, во кујната... За среќа постојат повеќе начини да се ослободите од оваа здодевна инвазија, елиминирајќи ги мравките во целост.
Сок од лимон
Исцедете сок од лимон и истурете го на критичните места. Лимонската киселина им пречи на мравките, кои веднаш откако ќе ја почувствуваат се оддалечуваат од неа.
Масло од цимет
Нанесете етерично масло од цимет на сите агли во домот од каде се појавуваат мравките. Тоа можете да го направите со стапчиња за уши. Исто така можете да направите и течност од половина литар вода, две лажици цимет и неколку карамфилчиња. Со добиената мешавина испрскајте ги местата каде што се наоѓаат мравките.
Вода и детергент за садови
Провријте еден литар вода и додадете неколку капки детергент за садови. Со оваа течност натопете ги критичните места. Овој одличен трик можете да го користите и за да се ослободите од коров.
Креда
Во сите земјоделски аптеки можете ефтино да купите креда за мравки. Едноставно повлечете линија и не грижете се, мравките нема да ја поминат кредата.
Сода бикарбона и шеќер во прав
Измешајте еднакво количество сода бикарбона и шеќер во прав. Смесата ставете ја на местата каде се појавуваат мравките. За неколку дена тие ќе изчезнат
Мелено кафе
Ставете обично мелено кафе на местата од каде доаѓаат мравките. Кафето нема да ги уништи, туку ќе ги натера да го сменат живеалиштето.
Оцет
Оцетот можете да го користите на повеќе начини. Доколку знаете каде е живеалиштето на мравките можете директно да го истурите во него, со што ќе ги уништите мравките и ќе го спречите нивното повторно појавување. Ако не сакате да бидете толку сурови можете да ги испрскате аглите на домот и малите дупчиња со комбинација од оцет и детергент за садови. За крај, создадете навика да ги бришете подовите во домот со вода во која сте ставиле малку оцет. Куќата ќе ви блеска, а мравките целосно ќе исчезнат.
Боракс
Измешајте половина лажица боракс, половина лажица шеќер и две лажици вода во мал сад. Мешајте се додека не добиете единечна смеса. Потоа направете мали топчиња од памук или од куинска хартија, кои ќе ги натопите во растворот со боракс. Ставете ги памучните топчиња во пластичен сад за еднократка употреба.
Пластичниот сад со памучните топчиња ставете го на местата каде најчесто се појавуваат мравките. Мравките ќе ползат во садот бидејќи ги привлекува шеќерот, а потоа назад во своите гнезда. По кратко време растворот ќе ги убие мравките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа