Србин од леденото Чикаго: „Минус 50 за нас е нормална температура“ а потоа откри мал трик

 

Делови на САД се зафатени од ниски температури, а до крајот на неделава метеоролозите предупредуваат дека следи нов леден бран, но Србин кој живее во Чикаго за „Српски Курир“ открива каква е состојбата.

„Малку е постудено од минатите години, мислев дека ќе биде страшно, но не е. Сите се исплашија, но не е ништо поразлично од минатата година“ рекол читател на Курир.

Ниските температири и силниот северен ветер не се ништо необично за овој период од годината, навел тој.

„Нам сето ова ни е веќе нормално, одиме на работа и најнормално ги извршуваме секојдневните обврски“ рекол соговорникот.

Сепак открива еден трик како да се избегне студениот ветар и зима.

„Пешки не одиме никаде, колата кја загревамме во гаража, од гаража имаш врата која води во куќата и надвор воопшто не излегуваме, па така ни е секаде топло“ рекол тој низ смеа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2019 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега