Полициско куче се предозирало на техно забава - брод полн со дрога за малку ќе го чинел живот

 

Техно забавите траат долго, а дрогата често е неизоставен дел. Патниците на еден брод на кој е организирана таква забава, внеле толку дрога на бродот, што полициското куче, кое ги контролирало се предозирало.

Имено, кучето по име Џек, кое е специјализирано за пронаоѓање на дрога, било во таа мера изложено на наркотици што се предозирало.

Полицискиот слу=беник Скот Стјуарт и неговиот 3-годишен партнер, златен ретривер контролирале патници кои во Порт Карневал се качувале на брод, добро опремени за забавување.

Неколклу моменти подоцна кучето почнало чудно да се однесува,. Почнало да има проблеми со рамнотежата, а потоа и напади, објаснуваат од локалната полиција.

На кучето веднаш му било дадено лек Нарцан, кој се користи за поништување на делување на наркотици. После тоа, полицијата го одвела на преглед кај ветеринар. За среќа, кучето немало никакви последици, па неколку денови подоцна се цратило на работа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега