Рацете се огледало на негата
Постојано изложени на зимата, ветрот, хемикалии, вода... рацете најпрво го губат изгледот на нежна и мазна кожа. Затоа зголемете ја негата со посебни креми, а за зрелата кожа најдобар е третман со хијалуронската киселина. Нормално дека не можеме да ги држиме рацете постојано во ракавици, ниту пак да ги заштитиме од вода, сапун и сувиот воздух во затворена просторија. Сепак, добрите навики можат многу да придонесат за да имате убави раце:
- Стекнете навика да користите заштитни ракавици во текот работењето на сите домашни работи поврзани со хемикалии.
- Не излегувајте надвор без топли ракавици.
- Оставете крема за раце покрај кујнскиот мијалник за да не заборавите да нанесете секој пат кога ќе ги избришете рацете.
- Одвојте време барем еднаш неделно за домашен третман со пилинг и маска.
Како да одберете крема за раце
Кремите со силикон создаваат заштитен филм што би дошол добро покрај сите домашни обврски. Кремата што ја нанесувате по миењето треба да биде хранлива, со додаток на природни масла. Кремата со која сакате да ги подмладите рацете - треба да ги избелува флеките, оние старечките кои најпрво се создаваат на рацете и ги покажуваат годините, а, исто така, треба исто да ја подобрува еластичноста на кожата.
Домашен третман за раце
Како и на кожата на лицето и на кожата на рацете, посебно ако е испукана, ќе и годат третмани со пилинг. Ако немате или не сакате да купите специјален пилинг, искористете го пилингот кој го имате за лице или тело. Ако при рака немате ништо друго, тогаш истријте ги рацете со смеса од пченично брашно, маслиново масло и малку вода. Благо истријте и измијте. По секој пилинг обавезно нанесете хранлив крема, или уште подобро маска.
Маската за лице ќе биде сосема прифатлива и за раце, но и хранливата крема врз која ќе ставите најлон или ракавици и ќе оставите да стои малку. Посебно добар резултат ќе имате ако врз дебелиот слој на кремата со четка нанесете растопен парафин и го оставите дваесетина минути.
Подмладете ги рацете
Дамките на рацете можат да се ублажат како и на останатите делови на телото со помош на апаратот кој работи на принцип на интензивно пулсациско светло. Пигментот меланин во кожата апсорбира енергија преку светлосните бранови и се разложува.
Со стареењето, во кожата се намалува хијалуронската киселина која е основна состојка на колагенот и еластичните влакна, а како последица се појавува сува и збрчкана кожа. Дифузното вбризгување на хијалуронската киселина ја намалува видливоста на вените, а рацете се многу нежни со што по хидратацијата, надворешниот слој се претвора во еластична кожа. Првиот ефект е видлив веднаш по третманот, а копмлетното дејство после десетина дена. За одржување на резултатот потребно е да се повторува тртманот на шест или повеќе месеци, зависно од индивидуалните фактори: структурата на кожата, староста, животните навики и сличноо, советуваат стручњаците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа