Луди Божиќни правила на кралицата - сите членови пред празникот мораат да направат специјален ритуал

 

Строгите правила кои ги одредува кралицата за кралското семејство, важат и за Божик.

Сите членови мораат да се однесуваат според протоколот и да се појават на ручек специјално организиран пред празникот. Познато е дека сите мора да застанат на вага пред и после прославите, но тоа не е единствено чудно правило.

Имено, кралицата секоја година во Бакингемската палата организира предбожикен ручек кој и оваа година ќе го собере семејството, дури и скараните браќа.

Главна ѕвезда оваа година ќе биде Меган Маркл.

Главните членови на кралското семејство на прославата доаѓаат со посебен вагон, а подароците не се отвораат на Божикното утро, туку на Бадник.

Имено, правило е подароците да бидат што поевтини и луди.

Принцот Хара така минатата година на својата баба ѝ подарил капа за туширање на која пишувало „Не е ли животот кучка“, а Кејт Мидлтон на својот девер, принцот Хари му подарила „прибор за одгледување девојки“, но тоа било пред да ја запознае Меган.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега