Веѓите ќе ви бидат погусти, а трепките подолги - користете го ова масло и ќе се изненадите
Магичниот серум за брзо растење на влакната на лицето можете да го направите од следните неколку состојки:
-празно пакување од стара маскара (темелно исчистено со врела вода)
– рицинусово масло
– витамиски маслени капки (Е витамин). Ова масло е добро ида се користи за места на телото каде често се јавува целулит (местата да се масираат почесто со витамин Е масло затоа што содржи колаген и ја враќа цврстината на кожата, ќе го зацврсти местото, кожата ќе ја затегне и ќе го отстрани целулитот- но за тоа во понатамошните теми повеќе)
– бадемово масло
За овој серум ви е потребно само малку содржина па сите овие состојки ке ви траат повеќе од една година. Предност е што можете да ги најдете во најблиската аптека до вас и доаѓаат во практични пакувања и цени до 100 денари секое, освен витамин Е маслото кое варира во цената во зависност од производителот.Во празното пакување од маскарата половина од содржината наполнете ја со рицинусово масло, додека пак другата половина нека биде сразмерно поделена на Витамин Е и бадемово масло.
Доколку не можете да пронајдете витаминско Е масло, тогаш серумот ќе биде ефикасен и само со мешавина од рицинусово и бадемово масло, но за побрзи резултати добро е да биде збогатено со витаин Е. Содржината се чува на собна температура и секоја вечер пред спиење се нанесува на веѓите и трепките, а се нанесува по малку со четчето од маскарата кое ќе ви биде доста практично.Кај некои луѓе овој третман покажува резултати веднаш, додека кај други покажува по втората недела од секојдневно користење. Меѓутоа најоптимален период за драстични промени е периодот до 6 недели од секојдневно користење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа