ФОТО: Лименка пиво покрај пратеничката во Парламентот
Фотографија од пратеничка во Собранието на градот Чачак, Весна Новаковиќ инаку припадничка на Нова Србија, на која покрај пратеничката се гледа лим,енка пиво, кружи на друштвените мрежи.
После објавувањето на оваа фотографија, се огласи и Градскиот одбор на Српската напредна странка во Чачак.
-Веќе извесно време постојат сериозни сомненија дека поедини опозициони пратеници на седницата во Собранието на градот Чачак доаѓаат под дејство на алкохол, веројатно така собираат храброст и слобода за дрско и непримерно да им се обраќаат од говорница на своите колеги и граѓаните пред малите екрани. Тоа е тешко да се докаже без вопведување на алко тест, за што е неопходно да се измени празвилникот за работа и за тоа да се залага актуелното мнозинство, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа