Арсен Венгер си оди од „Арсенал“

 

Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал го напушта клубот по крајот на сезоната, објави клубот на својата веб-страница.

„По внимателно разгледување и разговори  со клубот, чувствувам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната. Благодарен сум за привилегијата да го водам клубот во годините што ќе останат запамтени во неговата историја. Сите години работев посветено со интегритет. Им се заблагодарувам на соработниците, играчите и навивачите. Засекогаш ќе го сакам Арсенал", нагласува Венгер во соопштение објавено на веб-страницата на клубот.

Францускиот тренер дојде во Арсенал во 1996 година од Нагоја и освои 17 трофеи меѓу кои три во Премиер лигата. Во сезоната 2003/2004 година ја предводеше генерацијата „непобедливи“ кои стигнаа до титулата без пораз.

Освен Нагоја и Арсенал, Венгер ги предводеше Монако и Нанси.

 

 

 

20.04.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега