Колку потрошија партиите за изборната кампања?

 

До Државната изборна комисија (ДИК) во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите од 21 до 30 ноември десетиот ден од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11 декември. 

До Комисијата извештаи за потрошените средства во првите 10 дена од кампањата доставиле ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, СДСМ и коалицијата, ДУИ,  ДПА, Демократската бошњачка партија, Коалицијата за промени и правда - Трет блок, Коалиција Алијанса за Албанците, Либералната партија на Македонија, Коалиција ВМРО за Македонија, БЕСА и Левица. 

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пријавила расходи од 43 милиони 961 илјада и 384 денари. 

Според финансискиот извештај на здружената опозиција предводена од СДСМ, расходите од 10 до 30 ноември изнесувале 19 милиони 683 илјади и 894 денари. 

ДУИ како расходи пријавила пет милиони и 336 илјади и 095 денари. 

ДПА пријавила вкупно расходи од 433 илјади и 840 денари. 

Коалицијата за правда и промени - Трет Блок вкупни расходи од еден милион и 559 илјади и 635 денари. 

Коалицијата Алијанса за Албанците како расходи пријавила 893.519. 

Либералната партија, пак, потрошила 477 илјади и 811 денари.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ како расходи пријавила две милиони 848 илјади и 970 илјади.

Партијата за демократски просперитет има потрошено 262 илјади и 761 денар. 

БЕСА во финансискиот извештај пријавила четири милиони 725 илјади и 217 денари. 

Левица пријавила расход од 81 илјади и 354 денари.ев/са/11:47

 

 

 
 
02.12.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега