Четврт ден од предизборната кампања: На овие места вечерва ќе има митинзи
Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентрани избори на 11 декември, денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинизи и средби со граѓани во повеќе населени места низ Македонија.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Аеродром и Карпош.
Предизборниот караван на СДСМ ќе биде во Гостивар и во Тетово. ДПА ќе одржи митинг во Вруток, Коалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓани во Прилеп, а Алијансата за Албанците ќе одржи собир во Ченто.
Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа