Ѓорчев: Гасификација на целиот полошки регион
Една од клучните работи за Гостивар и за гостиварскиот регион е новата ТИРЗ во Гостивар, истакна денеска носителот на пратеничките листи од ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Влатко Ѓорчев.
-Гостивар да добие нови фабрики, нови вложувања, нови инвестиции, нови работни места. Со растот на целата на работната рака ќе се зголемуваат и платите. На ова треба да се надоврзе и гасификацијата на целиот полошки регион, на Тетово и Гостивар и нивно поврзување со гасоводот во Скопје, истакна Ѓорчев.
22.11.2016 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа