ФОТО: Заев во паника, нареди уништување на банери и провоцирање инциденти во Струмица

 

Вандали во Струмица доцна синоќа почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

По пример на вандалите кои во Скопје ги сквернавеа спомен обележјата, платените хулигани во Струмица го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица.

baner-strumica

Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Нивните излози настрадаа, а денес жестоки реакции има и од сопствениците и од струмичани. Тие велат дека во ваква валкана кампања не смее да се вовлегува и дека поразот мора достоинствено да биде прифатен.

baner-strumica1

 baner-strumica4

Во текот на денешниот ден случајот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи, а се очекува техничкиот министер Оливер Спасовски кој е генерален секретар во СДСМ и носител во ИЕ 2 да врши притисок врз началникот на струмичката полиција за инцидентот да биде веднаш расветелен.

baner-strumica5

 
 
22.11.2016 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега