Алиу: Нема да бидеме дел од идната влада од принципиелни причини

 

Пратеникот од ДПА Имер Алиу по денешните разговори за излез од политичката криза изјави дека организирање фер и демократски кредибилни избори било нивно основно барање и причина за учество во разговорите и согласноста што ја дала ДПА за договорот. 

Алиу рече дека не прифатиле да бидат дел од идната влада поради принципиелни причини и истакна оти одговорноста за примената на постигнатиот договор е на трите парии што ќе бидат дел од таа влада. Скептични сме, рече Алиу, дека останатите три партии ќе го имплементираат овој договор.

- Силните гаранции од страна на меѓународниот фактор  се доволна причина за нас да веруваме дека еднаш и засекогаш  кај албанскиот дел посебно манипулациите на изборите, полнењето на кутиите и фалсификување на изборите ќе заврши. Ние со учество на овие избори спречивме масовно бришење на Албанците од избирачките списоци, изјави Алиу.

 
 
20.07.2016 - 19:43
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега