СДСМ го допре дното на анкетите - Заев во паника нарачал нов театар од Јанева
Зоран Заев ги добил новите анкети кои укажувале на зголемување на разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според дипломатски извори кои биле во контакт со членови на партијата, негативата во која се наоѓа СДСМ драматично е зголемена во сите изборни единици што резултирало со огромно разочарување во партијата и гнев кај Зоран Заев кој ја употребил сета артилерија што ја имал на располагање, пишува КУРИР
Последните две работи кои го дотолчиле биле фијаското со катастрофалниот настап на Катица Јанева во врска со одбраната на Бошковски и уривањето на целата фама околу измислените фантоми која се градеше изминатиот период.
Во првиот случај јавноста практично виде признание дека не постои ниту еден контрааргумент дека Љубе Бошковски не зел нелегални пари за финансирање на кампањата како услуга за ветување за промена на името.
Во вториот случај пропаднаа измислените бројки за наводни фантоми со кои СДСМ сакаше да ги оправда претходните порази, но и да го оправда одложувањето на изборите кои требаше да се одржат на 24 април. Практично се потврди дека единствената причина за тоа бил стравот на Заев од немањето поддршка откако се покажа дека и Јани Макрадули и Гордан Георгиев и Фиат Цановски и сестрата на Радмила Шекеринска, според апсурдните фалсификат критериуми на СДСМ биле фантоми.
Затоа Заев повторно се фатил за последната сламка на спас и наредил Катица Јанева уште денес да излезе со нова конструкција и нов политички случај со кој би ги покрила дебаклите кои му се случија изминативе денови на СДСМ. Вообичаено, Јанева тоа би требала да го стори на нова театрална прес конференција во која повторно лажно ќе обвинува личности, но и ќе ги нападне сите институции кои не се дел од деструктивното сценарио кое го реализираат таа и Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа