ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации од СДСМ
СДСМ веќе не може да го сокрие стравот од изборите на 5 јуни и мора да прибегнува кон се поголеми лаги и манипулации за да се оправда за фактот дека нема поддршка од граѓаните за нивната деструктивна политика, соопшти попладнево ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, наведува во соопштението владејачката партија, на почеток почна со спорење на гласот на 1.000 граѓани, па го зголемија бројот на неколку десетици илјади, па потоа одеа со број помеѓу 150.000 и 200.000 граѓани за да дотуркаат до 500.000 граѓани кои се спорни за нивните медиуми. - Како што се зголемува стравот и паниката во СДСМ, така се зголемува и бројот на граѓани кои се спорни за СДСМ и нема да не зачуди доколку во наредните недели тој број порасне на 2 милиони, оценува владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека ги охрабрува граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и лагите кои секојдневно се лиферуваат од страна СДСМ и нивните медиуми и да ги зема со резерва.
- Единствената намера на СДСМ е да се креира хаос, тензија и криза бидејќи партијата може да егзистира само во такви услови. ВМРО-ДПМНЕ инсистирало и ќе продолжи да инсистира да се почитува основното демократско правило еден човек - еден глас. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава поддршка на институциите кои работат на спроведувањето на избирачкиот процес, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа