ВМРО-ДПМНЕ Битола до СДСМ: По затворањето на 684 фабрики, вас никој не ви верува
Безсодржинските прес-конференции, провидните медиумски спинови и лажните ветувања нема да Ви помогнат да ја добиете довербата на граѓаните која толку многу ја посакувате, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола до СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме нивната реакција во целост
По успешното затворање на 684 фабрики меѓу кои и битолските Фринко, Кожара, Свилара, Жито Битола, Битолатекс, Лимената и многу други што доведе до сиромаштија, 200.000 отпуштени работници и разочарани граѓани, никој во Битола повеќе не верува во она што го говорите.
Какви се состојбите со македонската економија најдобро покажуваат официјалните податоци потврдени не само од домашните туку и од меѓународните институции. Извозот, бројот на странски инвестиции и новоотворени работни места секојдневно се зголемуваат. Во Битола, во индустриската зона “Жабени”, каде моментално функционира најголемата инвестиција “Кромберт и Шуберт” вработени се повеќе од 2.000 луѓе.
Во изминатите две години, во РМ преку мерката за вработување на млади лица до 29 години, се вработени над 12.000 млади луѓе. Од нив, најмалку 500 се од Битола.
Лицемерно е да говорите за медиумски мрак кога десетици портали и телевизии синхронизирано работат на ширење на лагите и манипулациите од Вашите фабрики за афери.
Во услови кога нити знаете нити сакате да сработите нешто за доброто на граѓаните, очекуваме дека ќе продолжите по секоја цена да ги ширите своите манипулации во пресрет на изборите од кои параноично се плашите. Но, сакале Вие или не, тие наскоро доаѓаат. А тогаш, како и досега, граѓаните ќе го имаат последниот збор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа