ВМРО-ДПМНЕ: Нема преговори со ДУИ за крстот

 

Во врска со шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ почнало некакви преговори со ДУИ, и дека наводно било договорено на местото каде треба СМК да изгради крст да се изградел некаков парк на толеранција или некаков друг национален симбол, објавуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ниту може, ниту сака во име СМК да преговара со било кого, вклучувајки ја и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува вандалскиот и насилничкиот однос на поединци од ДУИ од средата и четвртокот минатата недела. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Оливер Спасовски да престане да бега и да се крие и конечно да почне да го работи тоа за кое што е платен, да издаде наредба МВР да почне постапки против лицата кои имаа незаконско однесување и да овозможи спроведување на законот. Го повикуваме Оливер Спасовски да има ист третман кон сите граѓани на државата. Во средата и четвртокот Оливер Спасовски направи тешки гафови и со несоодветно и нестручно работење остави толпата да ја превземе правдата во свои раце, да пали, да урива и да узурпира, со што предизвка многу проблеми.

 

Оливер Спасовски треба да овозможи непречено одвивање на сите работи кои се согласно законот.

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

 
 
07.03.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега