Нема крај на измамите за сообраќајки: Лажен полицаец олеснил баба за 307.500 денари

 

Во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

04.03.2025 - 19:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега