Многумина и натаму не веруваат: Русокосата убавица по која мажите копнееја ја најде среќата покрај oвој 90-годишник
Могулот во месец март наполнил 90 години, а нивната љубов и по шест години предизвикува контроверзии.
Џери Хол денес има 64 години, а некогаш била славен топ-модел и актерка, но и поранешна сопруга на Мик Џегер.
Меѓутоа, бракот со Џегер одамна е зад неа, а сега веќе шест години е во љубов со могулот Руперт Мурдок.
Тој во март оваа година наполни 90 години, а нивната врска до денес предизвикува големи контроверзии поради огромната разлика во годините.
Тие двајца се вериле во јануари 2016 година, а се венчале истата таа година.
Инаку, Мурдок е сопственик на магазинот „Тhe Times“, којшто воедно ги пренел и сите детали од оваа интригантна венчавка.
Џери Хол претходно била сопруга на легендарниот рокер Мик Џегер со кој почнала да се гледа во 1977 година.
Парот се венчал на приватна церемонија во 1990 година на Бали, но бракот траел до 1999 година.
Без оглед на тоа, парот има четири деца, а причината за нивното раскинување е тоа што Џегер ја изневерувал.
По Мик, Џери била во љубовна врска и со коосновачот на „Microsoft“, Пол Ален, а потоа и со филмскиот продуцент Џорџ Вод кој бил 11 години помлад од неа.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа