Метеорски дожд: Вечер замислете си желба, небото е магично

 

Вечерва, 8 октомври, се очекува волшебен дожд од ѕвезди што паѓаат-Дракониди. Погледнете во небото и замислите си желба. Дождот од метеори е нешто величествено и волшебно. Кога небото ќе плисне ѕвезден огномет, имаме силни емоции затоа што присуствуваме на магичен момент кој, покрај тоа што е убав, според верувањата, може да привлече и остварување на желбите.

Метеорскиот дожд Драконида се очекува меѓу 6 и 10 октомври, а најдобра ноќ за набљудување на ѕвездите е денеска, 8 октомври. Овој феномен, некогаш се нарекувал Ѓакобиниди, а најдобро е да го набљудувате после полноќ или рано наутро на темно место и на отворено небо.

Метеорскиот дожд имаше вистински спектакл на небото во 2011 година кога можеа да се видат повеќе од 600 метеори на час. Тоа е последениот пат кога можеше да се види ваков дожд поради бавниот и слаб блесок.

Годинава дождот од метеори се појавува во близина на младиот Месец кој го осветли небото на 6 октомври, а во отсуство на силна месечина, повеќе метеори можат да бидат видливи на ноќното небо.

08.10.2021 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега