Макдонскиот ракомет во црно: Ненадејно почина поранешниот репрезентативец
Уште една тажна го потресе македонскиот ракомет, ненадјно почина тренерот на Пролет, Александар Јовиќ (1973-2025). Животот на поранешниот македонски репрезентативец згасна на 51. година.
Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина. Тренерската кариера ја почна во Металург 2, а потоа го водеше првиот тим од Автокоманда. Го водеше тимот на Е.Пелистер 2, потоа го превзема првиот тим на Пелистер со кого ја освои титулата после 18 години. Од Битола се пресели во Пролет.
Во својата играчка кариера има настапувано за Јафа Промет од Ресен, Вардар, Пелистер и Металург.
Јовиќ беше дел од генерацијата која настапуваше за македонската репрезентација на СП 2009 и ЕП 2012.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа