Лекарка споделува совети за слабеење по 35-годишна возраст: Клучно е да се обрне внимание на една работа

 

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење на тежината не се фокусира на диета или ограничување на оброците: наместо тоа, методот се фокусира на јадење соодветна храна за вашите хормони.

Д-р Готфрид вели дека оваа тактика особено добро функционира кај жените кои се обидуваат да ослабат засекогаш, без јо-јо ефект, односно враќање на телесната тежина.

„Вашата храна всушност ги регулира вашите хормони“, вели Готфрид. “Значи, ако се обидувате да ги намалите калориите, на пример, да управувате со тежината, може да наидете на неуспех. Калориите се важни, но хормоните се поважни”.

Жените обично почнуваат да размислуваат за хормоните во нивните 50-ти и 60-ти години, но треба да почнат да мислат на нив, особено во исхраната, на многу помлада возраст.

Докторката откри дека држела диета кога имала 40 години, заедно со својот партнер. Тој ослабел 9 килограми, а таа се здебелила. Ова е причината зошто не треба да имаме ист метод за слабеење за двата пола, туку метод кој е посебно наменет за жени.

Ова е затоа што сме различни. Имаме сосема различни нивоа на хормони, па затоа треба да јадеме на начин кој им помага на тие хормони.

Протеините како пилешко, лосос, ракчиња и школки можат да помогнат во балансирање на метаболичките хормони

За да одредите дали имате хормонална нерамнотежа, прашајте го вашиот лекар за спроведување на едноставен тест на крвта што може да ги открие овие информации. За да го балансирате нивото на инсулин, хормон кој помага да се регулира складирањето или согорувањето на маснотиите, лекарката препорачува зеленчук, брокула, кромид и храна како авокадо богата со здрави масти.

За здраво губење на тежината, препорачливо е да јадете што повеќе различни видови зеленчук неделно, а храната како модар патлиџан, тиквички и пиперки се добри за хормоните бидејќи помагаат во балансот на инсулинот.

Овој зеленчук е исто така полн со растителни влакна, и тие можат да ни помогнат да се чувствуваме сити долго време. Протеините како пилешко, лосос, ракчиња и школки можат да помогнат во балансирање на метаболичките хормони, кои се од суштинско значење за губење на тежината.

28.09.2021 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега