Ковид се проби на Евровизија: Една држава нема да настапи на вечерашното полуфинале
Официјално е објавено дека една држава нема да настапи во втората полуфинална вечер на овогодинешниот Еуросонг.
Како што пишуваат медиумите, шефот на исландската делегација за односи со јавност најави дека нивните претставници нема да настапат поради случаи со зараза од корона во делегацијата.
На вчерашното тестирање на ковид еден од изведувачите, Јохан Сигурдур излегол позитивен. Наместо нивниот настап, во второто полуфинале ќе се прикаже снимка од нивната втора проба.
-Ова е голем удар, изјави шефот на исландската делегација, додавајќи дека сите членови биле вакцинирани.
Не е познато што ќе се случува ако Исланд се пласира во финалето. Инаку, според обложувалниците, претставниците на Исланд моментно го држат шестото место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа