Колку пари доби победникот на Евровизија?
Колку пари како награда доби победникот на Евровозија? Ова прашање повторно стана актуелно, а одговорот е – ниту еден дена.
Финалето на Евровизија во саботата го следеа милиони луѓе, а победата ја понесе италијанскиот претставник, бендот „Манескин“.
Според официјалната страна на Евровизија, победникот дома носи стаклен трофеј, а авторите на песната добиваат помали реплики. Трофејот е специјално дизајниран за овој настан во форма на микрофон од 50-тите години од минатиот век.
Освен тоа, земјата победник ја добива честа да го организира следниот Евросонг. И тоа е тоа.
24.05.2021 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа