Кликни на линкот и ќе добиеш екслузивна награда: Не потпаѓајте на фејсбук измами
СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути.
Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични дела од областа на интернет измамите, до граѓаните но и до правните субјекти, апелираме на крајна внимателност при комуникациите на социјалните мрежи. Посочуваме, со цел да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни објави, да не ги отвораат истите, да не ги следат и да не остават свои лични и други податоци или службени информации. Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите. Воедно, потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават до СВР Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа