Италијанскиот актер кој ги „полуде“ жените ширум светот, сега ги збуни со фотографија на која интимно позира со маж
Филмот „365 денови“ беше најбараниот наслов на Нетфликс и тоа поради еротските сцени, чија главна улога е ѕвездата Мишел Мороне, Италијанецот по кој 'полудеа' жените ширум светот.
Филмот кој од почетокот го следеа контроверзии, беше исклучително гледан иако имаше екстремно ниски оцени и лоши критики.
Веќе е снимено и продолжението, но главната полемика е околу нешто друго - дали главниот актер е геј или не.
Оваа дебата ја покрена самиот Мишел, кој на Инстаграм објави фотографија со колегата Сајмон Сусин.
На фотографијата позираат прегрнати, но всушност описот на фотографијата ги навел фановите да мислат дека актерот е геј.
Истата фотографија ја објавил и Сајмон, кој исто така ќе се појави во вториот дел од филмот „365 дни“.
View this post on Instagram
Актерот во еден момент се огласил на Инстаграм, па напишал:
„Луѓето од мојот тим ми рекоа дека почнале да се појавуваат приказни за тоа дека сум геј, а сето тоа поради фотографијата која ја направивме со Сајмон. Тој ми стана многу близок пријател, како браќа сме. Филмот го снимаме заедно. Луѓе, тоа е само фотографија. Ништо повеќе. Патем, ја поддржувам ЛГБТИ заедницата, но, зборуваме за обична фотографија, не се декларирав како геј“, напишал заводливиот актер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа