Ископани човечки коски во Македонски Брод

 


Вчера во 11.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот на 25.03.2025 покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Македонски Брод, запознаен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.03.2025 - 16:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега