Ѝ понудил 1 милион долари да абортира, а сега на синот му дал српско име: Која е српската стриптизета што ја освои НБА ѕвездата?

 

Еден од најдобрите НБА играчи, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ, добил дете со Србинката Данијела Рајиќ.

Српската Ким Кардашијан и славниот кошаркар добиле син и му го дале името Вук.

Данијела и Пол имаат две ќеркички, Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не секогаш била идилична.

Тие двајца се запознале во Мајами во 2015-та година. Во тој период Данијела работела како стриптизета. Се гледале неколку месеци пред да откријат дека таа е бремена. Пол Џорџ тврдел дека Оливија не е негово дете, но Данијела го тужела кошаркарот на суд. Со ДНК анализа било утврдено дека Џорџ е татко на девојчето.

Данијела потоа го тужела Џорџ бидејќи наводно ѝ понудил 1 милион долари за да абортира, но подоцна се откажала од тужбата.

Кошаркарот ѝ возвратил. Ја тужел убавата Србинка и барал тој да биде старетел на девојчето. Тие долго време се 'влечкале' по судови, па се договориле да го поделат старателството.

По некое време ја обновиле романсата и во ноември 2017-та година добиле уште една ќерка - Наташа.

Данијела денес му е најголема поддршка на Џорџ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paul George (@ygtrece)

05.10.2021 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега