Хорор во Македонија: Гром усмрти маж

 

Хорор се случил вчера при невремето во прилепско, кога во атарот на селото Мажучиште, маж загина по удар од гром.

Во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп.

Регионалниот центар за управување со кризи јавува дека лицето било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт.

Се очекуваат повеќе детали.

24.04.2025 - 09:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега